Врз основа на нашето долгогодишно искуство во работењето и континуираното усогласување со условите на пазарот и Групацијата РЕПЛЕК АД Скопје, со користење на сопствените ресурси и капитал, создаваме вредности во квалитет, професионалност и сигурност со нашите потрошувачи и деловни партнери односно СОЗДАВАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА за нашите вработени и акционери.

MOTO

ОРГАНИЗАЦИЈА

Реплек АД Скопје организациски и функционално е поделен на следниве сектори:
• Сектор увоз-извоз;
• Сектор финансии и
• Сектор за правни и општи работи.
И при тоа сите сектори учествуваат во остварувањето на заедничките цели и продажни таргети.
Компанијата има двостепен систем на управување и се состои од:
• Управен одбор од 5 члена
• Надзорен одбор од 4 члена.

БИЗНИС АКТИВНОСТИ

Основната дејност на РЕПЛЕК АД Скопје е промет на големо со лекови и медицински помагала, вклучувајќи и сместување и чување на биолошки лекови од типот на имунолошки лекови (вакцини, токсини и серуми или алергени) со решение издадено од Министерството за здравство на Република Македонија.
РЕПЛЕК АД Скопје поседува и одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки издадено од Царинска управа при Министерството за финансии на Република Македонија.
Активности на компаниите ќерки на РЕПЛЕК АД Скопје се:
* производство на фармацевтски препарати;
* увоз-извоз и трговија со мешовита стока во маркетот „РЕПЛЕК МАРКЕТ ХУБО“ и

* угостителски услуги во ресторанот „Ден и Ноќ“.

ЗА НАС

РЕПЛЕК АД Скопје e веледрогерија која е регистрирана за вршење на промет на големо со лекови и медицински помагала, вклучувајќи и сместување и чување на биолошки лекови од типот на имунолошки лекови (вакцини, токсини и серуми или алергени);
РЕПЛЕК АД Скопје е акционерско друштво и e сопственик на две компании:
• РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје е фабрика за лекови и хемиски производи,
сертифицирана од страна на Министерството за здравство која произведува лекови наменети за перорална и локална употреба во цврсти, полуцврсти и течни дозажни форми. РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје е во 100% сопственост на РЕПЛЕК АДvСкопје;
• РЕПЛЕК и ХУБО ДОО Скопје е друштво за трговија на големо и мало, увоз – извоз и услуги во чии состав се:
(1) голем маркет по принципот „Направи сам“ – РЕПЛЕК МАРКЕТ ХУБО; и
(2) екслузивниот ресторан „Ден и Ноќ“. Друштвото е во мешовита сопственост со сооднос 80% во сопственост на РЕПЛЕК АД Скопје и 20% во сопственост на TEWEKA Белгија.

previous arrow
next arrow
Slider